Грилиш не е на списокот на Манчестер сити за Светското клупско првенство
- Англискиот крилен напаѓач Џек Грилиш не е на списокот играчи кој денеска го објави Манчестер Сити за настап на Светското клупско првенство кое од 14 јуни до 13 јули ќе се одржи во САД.

Манчестер, 11 јуни 2025 (МИА) – Англискиот крилен напаѓач Џек Грилиш не е на списокот играчи кој денеска го објави Манчестер Сити за настап на Светското клупско првенство кое од 14 јуни до 13 јули ќе се одржи во САД.
Грилиш во текот на изминатата сезона го загуби првотимскиот статус во Сити и тренерот Пеп Гвардиола се чини дека повеќе не смета на него.
Отсуството на англискиот напаѓач од тимот, со две години преостанати од неговиот договор, сугерира дека Манчестер Сити сака да го продаде ова лето или, доколку тоа не успее, да го испрати на позајмица во друг клуб.
Бранителот на титулата Манчестер Сити ќе се соочи со Видад, Ал Аин и Јувентус во групната фаза на Светското клупско првенство. ег
ФОТО: ЕПА