Рејндерс потпиша за Манчестер Сити
- Холандскиот фудбалер Тиџани Рејндерс ги напушти редовите на италијанскиот прволигаш Милан и кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Сити.

Манчестер, 11 јуни 2025 (МИА) – Холандскиот фудбалер Тиџани Рејндерс ги напушти редовите на италијанскиот прволигаш Милан и кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Сити.
Холандскиот играч од средниот ред потпиша договор со англискиот клуб до 2030 година.
Манчестер Сити не ја наведе вредноста на трансферот во своето соопштение, а Би-Би-Си објави дека премиерлигаш Манчестер Сити му платил 46,5 милиони фунти на Милан за 26-годишниот Рејндерс.
„Воодушевен сум што потпишувам за Манчестер Сити. Сити е еден од најголемите тимови во светот, со најдобар тренер, играчи од светска класа и извонредни објекти. Под водство на Пеп Гвардиола, Сити освои толку многу титули, а јас сакам да му помогнам да продолжи со уште поголем успех во наредните години“, порача Рејндерс во изјава за клупскиот сајт.
Рејндерс, кој ќе може да игра на Светското клупско првенство за англискиот клуб, претходните две сезони ги мина во редовите на Милан, одигрувајќи вкупно 104 натпревари и на кои постигна 19 голови. ег
ФОТО: ЕПА