Почна ЕП за фудбалери до 21 година, стартни победи на Шпанија и Италија
- Со четири натпревари од воведното коло во групите А и Б вечерва започна Европското првенство за фудбалери до 21 година чиј домаќин е Словачка.

Братислава, 11 јуни 2025 (МИА) – Со четири натпревари од воведното коло во групите А и Б вечерва започна Европското првенство за фудбалери до 21 година чиј домаќин е Словачка.
Во премиерниот натпревар, европскиот вицешампион Шпанија го совлада домаќинот Словачка со 3-2, во рамки на групата А, додека стартна победа забележа и Италија, триумфирајќи над Романија со 1-0.
Дебитантот на Европското првенство, Грузија, ја совлада Полска со 2-1 во воведното коло во групата Б, додека во дербито на вечерта Франција и Португалија одиграа без голови. ег
ФОТО: ЕПА