• среда, 16 јули 2025

Коларов прв асистент во Интер

Коларов прв асистент во Интер


Милано, 11 јуни 2025 (МИА) – Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија до 21 година, Александар Коларов, ја прифати понудата од италијанскиот Интер да стане прв помошник тренер во стручниот штаб на клубот од Милано, објави денеска Фудбалската федерација на Србија (ФСС).
„Кога го промовиравме нашиот легендарен репрезентативец во предводник на репрезентацијата до 21 година, изразивме верување дека ова е почеток на одлична тренерска кариера. Иако неговиот ангажман беше краток, Александар покажа високо ниво на професионализам, посветеност и ентузијазам во работата со младите репрезентативци“, рече генералниот секретар на ФСС, Бранко Радујко.
Тој додаде дека заминувањето на Коларов во еден од најголемите европски клубови е доказ дека Србија има тренери во подем кои можат да остават длабок белег на меѓународната сцена.
Од своја страна, Коларов наведе дека неговото заминување во Интер не било лесна одлука.
„Прифатив ненадејна, но за мене многу важна, понуда да станам прв помошник тренер во Интер, еден од најпознатите клубови во Европа. Оваа одлука не беше лесна, бидејќи со голема посветеност и гордост ја започнав тренерската кариера на клупата на младата српска репрезентација“, рече Коларов. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан