• вторник, 15 јули 2025

Македонските тенисери апелираат за поддршка од трибините на утрешниот дуел со Молдавија

Македонските тенисери апелираат за поддршка од трибините на утрешниот дуел со Молдавија

 

Скопје, 11 јуни 2025 (МИА) – Бројна поддршка од трибините побараа македонските тенисери пред кои утре во Скопје е исклучително важен дуел против Молдавија во рамки на Дејвис купот.

Со победа Македонија ќе има шанси за исчекор во ова натпреварување и пласман во Втората Светска група.

Од таа причина, тенисерите предводени од закрепнатиот Калин Ивановски повикуваат сите кои се во можност утре од 10:30 часот да дојдат и да им дадат поддршка во пресметката со Молдавија.

„Дуелите во Дејвис купот и настапот за националниот тим за секој спортист е дополнителен предизвик за подобра игра, но уште поголем мотив е кога на трибините ќе има и публика. Почетокот на распустот нека биде убава прилика за покрај прошетката низ паркот да се проследи и спортски настан и воедно да им се даде поддршка на македонските тенисери, објави вечерва Тениската федерација на Македонија.

Почетокот на првиот натпревар е закажан во 10:30 часот, а влезот е бесплатен. ег

ФОТО: ТФМ

Остани поврзан