• петок, 17 мај 2024

Се зголемува бројот на жртви во несреќата во Бангладеш

Се зголемува бројот на жртви во несреќата во Бангладеш
Дака, 5 април 2021 (МИА) – Најмалку 26 лица загинаа откако патнички траект се судри со товарен брод и потона во река Бангладеш кај Дака, соопштија денеска локалните власти. Спасувачите пронајдоа уште 21 тело во траектот, изјави Голам Садек, шеф на Управата за внатрешен воден транспорт во Бангладеш (БИВТА). Тој информира дека спасувачкиот тим, составен од припадници на морнарицата, крајбрежната стража, полицијата и вработените во одделот за противпожарна служба и цивилна одбрана, цели 18 часа го извлекуваа траектот до брегот. Како што јави ДПА, товарниот брод сè уште не е пронајден. - Полицијата се обидува да го пронајде бродот и да ги фати одговорните за несреќата, рече Садек, додавајќи дека несреќата била предизвикана поради небрежност од страна на капетанот на товарниот брод. Назначена е седумчлена комисија која треба да ја утврди причината за несреќата. јт/

Остани поврзан