• петок, 22 ноември 2024

Советот на Европа усвои меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа усвои меѓународен договор за вештачка интелигенција

Стразбур, 17 мај 2024 (МИА) - Советот на Европа денеска го усвои првиот правно обврзувачки меѓународен договор за вештачка интелигенција. Договорот вклучува барања за транспарентност и идентификација на содржината.

„Договорот, кој е отворен за потпишување и од неевропските земји, воспоставува правна рамка што се применува во текот на целиот животен циклус на системите за вештачка интелигенција што овие системи можат да ги претставуваат и промовира одговорна иновација“,соопшти Советот на Европа.

Текстот беше усвоен за време на годишниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа. Овој комитет ги обединува министрите за надворешни работи на 46 земји-членки.

Оваа рамковна конвенција беше развиена во текот на две години од меѓувладино тело кое обединува 46 земји-членки на Советот на Европа, ЕУ и 11 земји-членки (особено САД, Австралија, Канада, Израел и Јапонија), како и претставници на универзитетските средини, приватниот сектор и граѓанските организации кои учествуваа во процесот како набљудувачи.

„Конвенцијата содржи писмени барања за транспарентност и за контрола приспособени на содржината создадена од системите за вештачка интелигенција“, објаснуваат од Советот на Европа.

„Државите треба да ги усвојат овие мерки за да ги идентификуваат, проценат или ублажат потенцијалните ризици и да ја проценат потребата од мораториум, интервенција или други соодветни мерки во врска со употребата на системи за вештачка интелигенција каде што таквата употреба може да претставува ризици некомпатибилни со нормите за човекови права“, се додава во соопштението на  Советот на Европа.

Рамковната конвенција ќе биде отворена за потпишување во Вилнус на 5 септември по повод конференцијата на министрите за правда на земјите од Советот на Европа.

ЕУ, исто така, усвои рамковен закон за системи за вештачка интелигенција на почетокот на март. Овој закон беше единствен во светот. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан