• понеделник, 10 јуни 2024

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување

Пјонгјанг, 18 мај 2024 (МИА) – Северна Кореја денеска потврди дека вчера тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

- Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Јужнокорејската армија вчера соопшти дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море.

Тестирањето се случи само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан