Лутник: Можно е Трамп да ги ублажи царините за увоз на некои производи од Канада и Мексико
- Американскиот министер за трговија Хауард Лутник денеска изјави дека може да дојде до ублажување на царините од 25 отсто за увоз на некои производи од Канада и Мексико, што вчера ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

Вашингтон, 5 март 2025 (МИА) - Американскиот министер за трговија Хауард Лутник денеска изјави дека може да дојде до ублажување на царините од 25 отсто за увоз на некои производи од Канада и Мексико, што вчера ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.
Како причина за ваквата одлука се спомнува тоа што евентуалното зголемување на тарифите ќе и наштети на берзата, негативно ќе влијае на потрошувачите и ќе предизвика трговска војна.
Лутник рече дека Трамп во попладневна објава можеби ќе поштеди некои економски сектори од увозни царини, како што е автомобилската индустрија. рп/
Фото: МИА архива