Лесото го повика Трамп да ја посети земјата бидејќи рекол дека никој никогаш не слушнал за неа
- Министерот за надворешни работи на Лесото, Леџоне Мпотџоане денеска изјави дека е шокиран и навреден поради изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека никој никогаш не слушнал за таа африканска земја и го покани да ја посети.

Масеру, 5 март 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Лесото, Леџоне Мпотџоане денеска изјави дека е шокиран и навреден поради изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека никој никогаш не слушнал за таа африканска земја и го покани да ја посети.
Мпотџоане изјави дека забелешката на Трамп е „многу навредлива“.
„Навистина сум шокиран поради тоа што еден шеф на државата на тој начин може да ја спомнува мојата земја“, рече министерот за надворешни работи на Лесото.
Според него, Лесото е значајна и единствена земја во светот.
Мпотџоане рече дека некои граѓански организации финансирани од САД дадоа поддршка за ЛГБТК заедницата во Лесото, како и дека Вашингтон, исто така, обезбедувал значајни средства за здравствениот и земјоделскиот сектор на таа земја.
Трамп го спомна Лесото во своето обраќањето пред американскиот Конгрес завчера вечер, додека ги набројувал непотребните трошоци во странство кои ги укинал.
Трамп рече дека САД доделиле осум милиони долари за промовирање на ЛГБТК заедницата во Лесото, африканска земја „за која никој никогаш не слушнал“.
Таа негова забелешка предизвика смеа кај конгресмените.
Лесото е планинска земја со околу два милиони жители.
Трамп нареди суспензија на американската странска помош во согласност со кратењата на буџетот и неговото усогласување со мотото „Америка на прво место“. рп/
Фото: МИА архива