Прекината седницата на српскиот Парламент, опозиционерите активираа димни бомби
- Седницата на Собранието на Србија е прекината откако опозициските пратеници ја напуштија салата, при тоа активирајќи пиротехнички средства
Белград, 4 март 2025 (МИА) – Седницата на Собранието на Србија е прекината откако опозициските пратеници ја напуштија салата, при тоа активирајќи пиротехнички средства.
Инцидентот се случи откако беше усвоен дневниот ред и министрите почнаа да влегуваат во салата.
Опозициските пратеници запалија црни димни бомби и раширија транспарент на кого пишува „Србија стана за режимот да падне“.
Пратениците од владејачката партија извикуваа „Усташи“ и вееја српски знамиња. Тие фрлаа со шишиња со вода, при што една пратеничка е погодена во глава.
На дневниот ред на седницата беа 62 точки, меѓу кои измени на Законот за високо образование, предлог-законот за станбени кредити за младите и гласање за разрешување на претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ. ми/
фото: Икс