• среда, 05 март 2025

Курт за МИА: Го зголемуваме капацитетот на Охридскиот аеродром, нема прекин на сообраќајот во тек на модернизацијата

Курт за МИА:  Го зголемуваме капацитетот на Охридскиот аеродром, нема прекин на сообраќајот во тек на модернизацијата

Скопје, 5 март 2025 (МИА) -  Се очекува за околу еден месец да се стартува со некои од работите предвидени со модернизација на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на планираните активности со проектот нема да биде запрен авиосообраќајот, најавува генералниот директор  на ТАВ Македонија Неџат Курт во видеоинтервју за МИА. 

Модернизацијата на аеродромот е обврска на ТАВ Македонија согласно Договорот за концесија на аеродромите. Плановите се да се зголеми капацитетот на патничкиот терминал и да се обезбеди удобност за патниците кои ќе патуваат низ аеродромот.

- Процесот е веќе почнат  и очекуваме  за околу еден месец  активно да почнеме со некои од работите. Додека го реализираме  проектот и работиме на изградбата, реконструкцијата и обновата ќе нема прекин на сообраќајот. Многу сме ригиди кога станува збор за аеродромското функционирање. Нема да прекинеме со никакви операции, ќе го правиме тоа во фази, за да осигураме дека ништо  нема да биде прекинатото ќе почнеме со една страна, па ќе продолжиме со друга, исто како кога се одвиваа работите за обнова на пистата пред неколку години, кога аеродромот не беше затворен, вели Курт. 

Во интервјуто што МИА ќе го објави утре, Курт говори за исполнувањето на досегашните и за идните обврски од Договорот, плановите за натамошен развој на Меѓународниот аеродром Скопје, активностите за обезбедување нови дестинации за патниците...лв/ац/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан