• понеделник, 13 јануари 2025

СВР Охрид со известување до граѓаните за зачестен број обиди за измами преку Интернет

СВР Охрид со известување до граѓаните за зачестен број обиди за измами преку Интернет

Охрид, 13 јануари 2025 (МИА) - СВР Охрид  денеска упати известување до граѓаните за зачестени појави на обиди за недозволени активности и измама преку Интернет.

Како што се посочува во информацијата, Отсекот за компјутерски криминал денеска од повеќе профили на неколку социјални мрежи евидентирал зачестени објави во кои од граѓани се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат и прочитаат објавата или да учествуваат во ексклузивни „наградни игри“ или да инвестираат во виртуелни валути.

Според преземените мерки, констатирано е дека се работи за лажно креирани профили и поради сомненија за сторени кривични дела од областа на интернет измамите, до граѓаните но и до правните субјекти се упатува апел на крајна внимателност при комуникациите на социјалните мрежи.

„Посочуваме, со цел да не бидат злоупотребени, граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни објави, да не ги отвораат истите, да не ги следат и да не остават свои лични и други податоци или службени информации. Поради комплексниот начин на истрага, една од ефикасните форми за борба против овој вид на криминал е превенцијата и градење висока свест и совест при комуникацијата и користење на интернет мрежите“, се наведува во информацијата. 

Истовремено се повикуваат граѓаните навремено да ги пријавуваат сличните сомненија за таков вид измами. аб/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан