• петок, 05 декември 2025

Одобрени 22 проекти за Дебар на вториот повик за средства од унгарскиот кредит, вредни околу 2 милиони евра

Одобрени 22 проекти за Дебар на вториот повик за средства од унгарскиот кредит, вредни околу 2 милиони евра

Дебар, 3 јули 2025 (МИА) – На вториот повик за добивање средства од унгарскиот кредит, на Општина Дебар  и се одобрени 2,080 милиони евра за реализација на 22 инфраструктурни проекти.

-Исклучително сум горд што, како градоначалник на Дебар, заедно со мојата администрација, успеавме прецизно да ги идентификуваме и проектираме сите проблеми и барања на нашите граѓани. Благодарение на нашата континуирана работа и посветеност, заслужено ни се одобрени проекти на секој објавен повик, обезбедувајќи средства за реализација на инфраструктурни проекти, кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот во градските и руралните населби на нашата општина, информираше градоначалникот Хекуран Дука.

Соопшти дека, меѓу другото, се предвидува реконструкција на повеќе улици во градот, изградба на локален пат во село Долно Косоврасти, пат за село Бомово, реконструкција и доизградба на патни правци кон неколку села, изградба на канализациска мрежа во населбата „Венец два“, проширување на водоводната мрежа во градот.

Дука нагласи дека сите проекти ќе бидат финансиски покриени од унгарскиот кредит.

-Со задоволство можам да кажам дека со предвидената динамика се одвиваат работите на неколку значајни инфраструктурни проекти, со средства од првиот повик на Министерството за локална самоуправа, за средства од унгарскиот кредит, но и со кофинансирање од страна на општината. Како локална власт секогаш посветени сме на задоволување на потребите на своите жители, во функција на одржлив развој и подобрување на квалитетот на живот, рече за МИА градоначалникот Дука.

Посочи дека во изминатите години целосно се реконструирани повеќе улици во градот, обновена  водоводната мрежа, изградени улици во селата, резервоари за вода, водоводна мрежа, паркинг простори. вт/хс/

Фото: Општина Дебар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан