Две деца од Кумановско, затруени од течност за земјоделски култури
- Две деца на возраст од три и четири години од кумановско село биле донесени на лекарски преглед поради можна интоксикација од течност што се користи за земјоделски култури. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Куманово, 16 март 2026 (МИА) - Две деца на возраст од три и четири години од кумановско село се затруле од течност која се користи за земјоделски култури, соопштија денеска од СВР Куманово. Случајот во полицијата го пријавил лекар од општа болница Куманово вчера, во 11:52 часот.
- Биле донесени две деца на возраст од три и четири години од Кумановско, кои биле затруени од течност која се користи за земјоделски култури. По извршен преглед тие се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје- соопштија од полицијата.
Од општа болница, информираат дека при клиничкиот преглед, децата биле во добра општа состојба, виталните параметри биле стабилни.

-Поради можност за интоксикација, пациентите со болничко возило со придружба на медицински тим, се транспортираат во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје- наведуваат од болницата.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Лани, во кумановската болница беа примени на лекување неколку деца во различни случаи, затруени од лекови, детергенти.ам/вј/
Фото: МИА архива