• вторник, 14 април 2026

Во Корча одржан четвртиот состанок на заедничкиот комитет за IPA CBC програмата Албанија – Македонија 

Во Корча одржан четвртиот состанок на заедничкиот комитет за IPA CBC програмата Албанија – Македонија 

Дебар,  25 март 2026 (МИА) - Во Корча, Албанија одржан е четвртиот состанок на Заедничкиот комитет за следење на програмата IPA CBC меѓу Албанија и Македонија 2021–2027 година. На состанокот  учествуваа  претставници од партнерските институции, Делегацијата на ЕУ и клучните страни во прекуграничната соработка. 
 
-Беше разгледан напредокот на програмата, беа презентирани и усвоени годишниот извештај за имплементација за 2025 година и Годишниот работен план за 2026 година, а беа направени и првични чекори за подготовка на концептот за Вториот повик за предлози на проекти, објави Државна агенција за стратешко програмирање и координација на помош на Албанија. 
 
Оценува дека состанокот претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката меѓу двете земји, поттикнување иницијативи што придонесуваат за одржлив развој на прекуграничниот регион, намалување на социо-економските дисбаланс и унапредување на добрососедските односи. 
 
Исто така, според агенцијата, средбата „создала можности за проекти што носат развој, како и поддршка за поодржлива иднина“. вт/вј/ 
 
Фото: Државна агенција за стратешко програмирање и координација на помош на Албанија

Остани поврзан