Татковци од Куманово нападнале свои деца во два одделни случаја
- Во два одвоени инцидента што се случиле во текот на вечерните часови во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода две лица осомничени за физички напади врз сопствените деца.
Куманово, 16 март 2026 (МИА) - Татковци од Куманово нападнале свои деца во два одделни случаја, информира денеска СВР Куманово. Според соопштението на полицијата, двата одвоени случаја се евидентирани во текот на вчерашниот ден.
Во првиот случај, како што наведуваат од СВР Куманово, вчера, во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода четириесет и петгодишниот Б. В. од кумановско село затоа што физички ја нападнал својата 18-годишна ќерка и ѝ се заканувал со остар предмет.
Подоцна, во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода четириесет и двегодишниот А. Д. од Куманово затоа што физички го нападнал својот 20-годишен син.
Двајцата биле приведени во полициската станица и по целосното документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави. ам/вј/
Фото: МИА архива