• сабота, 06 декември 2025

На обвинителната клупа во велешкиот Основен суд ќе седне поранешен претседател на Основен суд Кавадарци

На обвинителната клупа во велешкиот Основен суд ќе седне поранешен претседател на Основен суд Кавадарци

Велес, 3 јули 202 (МИА) - Основно јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес на 27 јуни годинава поднело Обвинителен предлог III.KO.бр.46/25 против обвинетиот Л.Н. од Kавадарци, поранешен претседател на Основен суд Кавадарци за кривично дело „несовесно работење во службата“ од чл.353-в ст.4 од Кривичниот законик,соопштуваат денеска на својата веб страна од Основен суд Велес.

По Обвинителниот предлог против Лазар Нанев, поранешен претседател на Основен суд Кавадарци, оформен е предмет К.бр.224/25 кој  е доделен на постапување на судијата Ангел Трипчев. Главна расправа е  закажана  за 23 септември, годинава, со почеток во 10:30 часот. ад/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан