• петок, 05 декември 2025

Во Битола ќе биде отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење

Во Битола ќе биде отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење

Битола, 3 јули 2025 (МИА) - Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и секретарот на Општинската организација на Црвен крст Битола, Кристијан Крстески, потпишаа договор за грант со кој Министерството за социјална политика, демографија и млади, се обврзува да го финансира проектот за развој на нова социјална услуга – Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење.

Услугата дневен престој за стари лица овозможува дневен престој, рехабилитација и реинтеграција, како и ресоцијализација на старите лица од трето доба за активно стареење.

Согласно договорот, Министерството ќе обезбеди грант во висина од над еден милион денари кои ќе бидат во функција на минимум 24 до максимум 50 стари лица од општината Битола. мт/ 

Фото: Општина Битола
 

Остани поврзан