• четврток, 13 јуни 2024

Санкционирани 206 возачи за брзо возење на територија на цела држава

Санкционирани 206 возачи за брзо возење на територија на цела држава
Скопје, 10 април 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи, вчера по спроведена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, регистрира 206 прекршоци.
Како што информираат од МВР, од вкупниот број на регистрирани прекршоци 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 100 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 106 надвор од населено место.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел овозможување побезбедни патишта.фф/вг/

Остани поврзан