• недела, 21 јули 2024
МИА Најави МКД

13 јуни 2024 

Скопје - Самит на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Состанок на министрите за надворешни работи на Процесот, како завршна активност во рамки на македонското претседавање со Процесот под мотото „Премостување на поделбите, градење доверба“: 

- Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе биде домаќин на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ):

- Пречек на шефовите на делегациите од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. (х.„Холидеј Ин“/15:00)

- Фамилијарна фотографија на шефовите на делегациите. (15:25)

- Пленарна сесија на шефовите на делегациите. (15:30)

- Прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ и претседателот на Албанија Бајрам Бегај. (18:00)

- Министерот за надворешни работи Бујар Османи во својство на Претседавач со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) ќе биде домаќин на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот. (х. „Холидеи Ин“, акредитираните медиуми да пристигнат во 8:45, a најдоцна до 11 часот на посебен влез за медиуми во близина на влезот на Градскиот трговски центар)

- Заедничка фотографија (9:50),

- Отворање на пленарната сесија од страна на Претседавачот со ПСЈИЕ Бујар Османи (10:00)

- Заедничка прес-конференција на актуелниот и идниот Претседавач на Процесот. (12:40)

Скопје - Претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши ќе се сретне со претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај. (Собрание, сала „Длаборез“/10:15)

Скопје - Претседателот на Собранието на Северна Африм Гаши ќе се сретне со германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер. (Собрание, Стар кабинет/11:00 - 11:30)

Скопје - Претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши ќе се сретне со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Метју Лосон. (Собрание, Стар кабинет/12:30)

Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе ја одржи третата седница. (14:00)

Штип - Четврто Mеѓународно научно-стручно советување Агро-наука и пракса (АНП 2024) во организација на Земјоделскиот факултет при УГД - Штип. (Свечена сала на Земјоделски факултет (Кампус 2)/10:00, изјави за медиумите во 9:45)

Штип - Серија состаноци со претставници од членките на Европската универзитетска алијанса. (Ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“, сала за состаноци/10:30, изјави за медиумите во 10:50 во Ректоратот на УГД)

Скопје  - Конференција на тема „Паметно учење за зголемена продуктивност: Патот на Lean Six Sigma“ во рамки на активноста на УСАИД Партнерства за економски раст и во соработка со Smart Learning Factory – Skopje. (х. „Хилтон“, платинум сала 1/10:00)

Скопје - Настан „Проект NATI00NS - Мисија „Договор за почвата за Европа“ и можности за финансирање“ во организација на BioSense Институт од Србија и Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење „Yes for Less“ - Скопје и Земјоделскиот институт - Скопје. (Europe House Skopje/9:30 и паралелно онлајн со пренос во живо)

Скопје - Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје организира работилница и предавање за деца за дизајн на игри и основи на креирање видео игри. (Base 42/16:00)

Скопје - Концерт „Звукот на идната генерација“, на кој ќе настапат студентите од државните факултети за музика. (Филхармонија/20:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Поместени граници“ и отворање на куќата на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). (Пред фонтана „Лотус“ во Градски парк/19:00)

Скопје - Мултимедијално претставување на новата книга на Никола Маџиров – „Шестарот на времето“. („Литература.мк“, во „Дајмонд мол“/20:00)

Кичево - Отворање на ликовната изложба „Циклус 19 II“ на академската уметница Христина Зафировска. (Културен центар „Кочо Рацин“/18:00)

Скопје - Outdoor Festival во Скопје сити мол. 

_________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан