• четврток, 13 јуни 2024

Мичурин без вода

Мичурин без вода

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Без вода вечерва од  21:15 часот се дел од жителите од населбата Мичурин, лоцирани на улиците „Венјамин Манџуковски“ и „Анастас Митрев“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради изведување приклучок од Ф-80 милиметри на улица „Венјамин Манџуковски“ 26 во населба Мичурин.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/мч/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан