• петок, 17 мај 2024

Роналдо: Среќен сум што го постигнав првиот гол во азиската Лига на шампиони

Роналдо: Среќен сум што го постигнав првиот гол во азиската Лига на шампиони

Ријад, 3 октомври 2023 (МИА) - Кристијано Роналдо синоќа го постигна својот првенец во натпревар од Лигата на шампионите во Азија. Тој му помогна на својот клуб Ал-Наср да дојде до победа со 3:1 над Истиклол од Таџикистан.

 

Саудискиот клуб губеше до 66. минута кога Роналдо изедначи на 1:1.

 

- Добра игра на целиот тим! Среќен што го постигнав мојот прв гол во азиската Лига на шампиони! Продолжуваме да победуваме 💙💛! – напиша Португалецот на социјалните мрежи.

 

Роналдо се запиша во листата на стрелците на трет натпревар по ред. Тој за Ал-Наср има 39 поени (31 гол, 8 асистенции) на 35 натпревари. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан