• сабота, 18 мај 2024

Ракометарите на Вардар убедливо поразени на гостувањето кај Порто

Ракометарите на Вардар убедливо поразени на гостувањето кај Порто
Порто, 22 февруари 2020 (МИА) – Актуелниот европски првак Вардар попладнево загуби на гостувањето кај Порто со убедливи 30:22 во претпоследното коло од Б-групата во Лигата на шампионите. По овој пораз вардарци драстично ги загубија шансите за петтата позиција и најверојатно во осминафиналето ќе одат од шестата позиција, што условно значи потежок противник. Двете екипи покажаа слаба ефикасност во првите 30 минути и на полувреме с еотиде со резултат 11:10 за португалскиот тим. Победникот беше решен на почетокот на второто полувреме кога Порто со серија од 7:1 отиде на +7 (18:11). Најефикасен во тимот на Вардар беше Данил Шишкарев со седум голови. Во последното, 14.коло, Вардар на 29 февруари го пречекува Монпеље. зс/

Остани поврзан