• четврток, 16 мај 2024

Ракета истрелана од Појасот Газа кон јужен Израел, нема жртви

Ракета истрелана од Појасот Газа кон јужен Израел, нема жртви

Газа, 27 јануари 2024 (МИА) - Една ракета е истрелана утрово од Појасот Газа кон градот Сдерот на југот на Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Проектилот паднал врз ненаселена област надвор од градот.

Службите за итни случаи соопштија дека не добиле извештаи за повредени по нападот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно денеска објавија дека продолжуваат интензивните борби во јужниот дел на Појасот Газа во Кан Јунис, каде што беа убиени бројни оперативци на Хамас. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан