Атал: Ситуацијата во Нова Каледонија останува тензична
- Францускиот премиер Габриел Атал денеска изјави дека ситуацијата во Нова Каледонија се уште е тензична, по неколкудневните немири за време на протестите во врска со измените на изборните закони.

Париз, 16 мај 2024 (МИА) - Францускиот премиер Габриел Атал денеска изјави дека ситуацијата во Нова Каледонија се уште е тензична, по неколкудневните немири за време на протестите во врска со измените на изборните закони.
„Нашата цел е да го вратиме редот во Нова Каледонија“, рече Атал на прес-конференција.
За време на третата ноќ од немирите во Нова Каледонија загинаа четири лица, соопшти денеска високиот комесар на таа француска прекуморска територија, Луј Ле Фран. рп/
Фото: ЕПА