• вторник, 23 јули 2024

Грузискиот премиер Кобахидзе во посета на Турција

Грузискиот премиер Кобахидзе во посета на Турција

Анкара, 16 мај 2024 (МИА) - Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе денеска ќе пристигне во посета на Турција, јавија турските медиуми.

Кобахидзе ќе биде примен од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ќе има и средби меѓу делегациите на двете земји. Предвидена е заедничка прес-конференција на Кобахидзе и Ердоган.

Грузиската делегација вклучува голем број министри, меѓу кои и министри за економија, одбрана, надворешни работи, образование и наука и здравство.

Кобахидзе ја презеде функцијата премиер на Грузија во февруари годинава. Тој веќе оствари неколку посети во странство.

Поранешниот грузиски премиер Иракли Гарибашвили ја посети Турција во февруари 2023 година. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан