• недела, 22 декември 2024

Зурабишвили: Законот за „странско влијание“ што го одобри Парламентот на Грузија е неприфатлив

Зурабишвили: Законот за „странско влијание“ што го одобри Парламентот на Грузија е неприфатлив

Тбилиси, 16 мај 2024 (МИА) - Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили денеска изјави дека законот за „странско влијание“, што го одобри Парламентот оваа недела и критичарите го опишаа како закана за слободата на говорот, „е неприфатлив“.

Зурабишвили остро ја критикуваше владејачката партија Грузиски сон - Демократска Грузија за „протуркување на законот“, што според многумина е закана за амбициите на Грузија за членство во ЕУ.

„Тоа е неприфатливо бидејќи одразува пресврт во односот на Грузија кон граѓанското општество, кон медиумите и кон препораките на Европската комисија, кои не соодветствуваат на нашата декларирана политика за европска интеграција“, рече таа.

Голем број демонстранти ги блокираа улиците во главниот град Тбилиси и се собраа пред Парламентот откако пратениците го одобрија законот во вторникот и покрај силните критики од САД и ЕУ.

Зурабишвили, која се повеќе е во несогласување со владејачката партија, вети дека ќе стави вето на законот, но Грузискиот сон има доволно мнозинство за да го отфрли. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан