• петок, 05 јули 2024

Путин: Не е можен прекин на огнот пред почетокот на мировни преговори со Украина

Путин: Не е можен прекин на огнот пред почетокот на мировни преговори со Украина

Москва, 4 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека не е возможен прекин на огнот пред да почнат мировни преговори со Киев.

- Едноставно не можеме сега да прогласиме прекин на огнот со надеж дека другата страна ќе преземе некои позитивни чекори, посочи Путин.

Тој додаде дека е неопходно Украина да се согласи да преземе чекори што се неповратни и прифатливи за Русија.

- Не можеме да дозволиме непријателот да го искористи овој прекин на огнот и потоа да ја подобри својата позиција – да се вооружат, да се опремат со помош на присилна мобилизација и да се подготват за продолжување на вооружениот конфликт, истакна Путин.

Според него невозможно е да се стави крај на конфликтот со Украина преку посредници. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан