• сабота, 16 ноември 2024

Црвена боја истурена и врз РАИ во знак на протест поради фемицидот во Италија

Црвена боја истурена и врз РАИ во знак на протест поради фемицидот во Италија

Рим, 4 јули 2024 (МИА) – Членови на движењето „Запали се“ (Bruciamo tutto) денеска на влезот од Италијанската државна телевизија (РАИ) во Рим истурија канти со црвена боја и оставија отпечатоци од рацете на влезот од италијанската државна телевизија (РАИ) во Рим.

Со црвена боја беше обоена и фигурата на коњ, која се наоѓа непосредно пред влезот на РАИ. Активистите таму оставаа и кукли во спомен на убиените жени.

Италијанската полиција приведе петмина активисти.

Активистите, вкупно пет, беа уапсени од полицијата.

Движењето „Запали се“ на 26 јуни во знак на протест против фемицидот истурија црвена боја на Шпанските скали во Рим, симболично претставувајќи ја крвта на жртвите од насилство.

Националната канцеларија за статистика објави дека во 2023 година во Италија биле убиени 120 жени. Повеќе од половина од сторителите на кривични дела се партнери или поранешни партнери на жртвите, а во околу 20 проценти од случаите сторителите се роднини. ми/

фото: Икс

Остани поврзан