• петок, 05 јули 2024

Северно Море исфрли еден тон кокаин на брегот на Германија

Северно Море исфрли еден тон кокаин на брегот на Германија

Берлин, 4 јули 2024 (МИА) – Големо количество дрога исфрлило Северно Море на германскиот остров Боркум, соопшти денеска Обвинителството во градот Аурих.

Турист во април на плажа пронашол голем број сомнителни чанти врзани со појас за спасување и пријавил во полиција. Обвинителството во Аурих сега потврди дека во вреќите имало околу еден тон кокаин.

Тоа е најголемата количина на дрога што се појавила на брегот на Северното Море во провинцијата Долна Саксонија во изминатите години.

Сојузната полиција ја презеде истрагата. Сè уште не е познато од каде се пакетите, зошто се пронајдени на плажата и дали има осомничени во случајот. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан