• недела, 05 мај 2024

Претседателот на виетнамскиот Парламент поднесе оставка поради политичките превирања во земјата

Претседателот на виетнамскиот Парламент поднесе оставка поради политичките превирања во земјата

Ханои, 26 април 2024 (МИА) - Претседателот на виетнамскиот парламент Вуонг Дин Хуе поднесе оставка поради „прекршувања и пропусти“, соопшти денеска виетнамската влада, што претставува нова етапа во политичките превирања во земјата само неколку недели по оставката на претседателот Во Ван Туонг.

Претседателот на Националното собрание е меѓу четирите „столбови“ на лидерството во Виетнам, кој официјално нема врховен лидер.

Шеесет и седумгодишниот Хуе е избран како можен кандидат за функцијата секретар на Комунистичката партија на Виетнам, најмоќната функција во земјата.

„Прекршувањата и пропустите на другарот Вуонг Дин Хуе предизвикаа негативно јавно мислење, што влијаеше на угледот на партијата, државата и на него лично“, се вели во објавата на владината веб-страница, цитирајќи ја изјавата на Централниот комитет на Комунистичката партија на Виетнам (ВКП). паг/

Фото: Википедија

 

 

Остани поврзан