• недела, 22 декември 2024

Русија распиша потерница по Зеленски

Русија распиша потерница по Зеленски

Москва, 4 мај 2024 (МИА) - Руското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека распишало меѓународна потерница по украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во базата на податоци на веб-страницата на Министерството се наведува дека Зеленски се бара во врска со член од кривичниот законик на Руската Федерација, но не се прецизира по кој член.

Фотографијата на Зеленски и неговите податоци се објавени на веб-страницата, но не се објавени повеќе детали. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан