• петок, 22 ноември 2024

Во Италија почнува 24-часовен штрајк на железницата

Во Италија почнува 24-часовен штрајк на железницата

Рим, 4 мај 2024 (МИА) - Од 21 часот вечерва до утре до 20:59 часот во Италија ќе има штрајк на железницата, соопштија италијанските медиуми.

Нема да сообраќаат возовите на „Трениталија“ и на компаниите „Груп ФС“, „Трениталија Тпер“ и „Тренорд“.

Вработените во железницата бараат подобрување на условите за работа. Штрајкот е на повик на синдикалната организација „Координација за самоорганизиран транспорт“.

Патниците ќе можат да ги вратат билетите што ги купиле или да го презакажат патувањето за друг датум. рп/


 

 
 

 

 

Остани поврзан