• четврток, 26 март 2026

Зеленски: Украина сака мир

Зеленски: Украина сака мир

Киев, 10 март 2025 (МИА) - Украина сака мир, а Русија е „единствената причина зошто војната продолжува“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на разговорите со Вашингтон што ќе се одржат во Саудиска Арабија.

-Украина се стреми кон мир уште од првата секунда на војната, а ние секогаш зборувавме дека единствената причина зошто војната продолжува е Русија, нагласи Зеленски на Телеграм.

Средбата меѓу делегациите на САД и Украина треба да се одржи утре во Саудиска Арабија. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан