• петок, 05 декември 2025

Уапсен пратеник од грчка радикално десничарска партија откако упаднал во Националната галерија поради изложба што ја смета за богохулна

Уапсен пратеник од грчка радикално десничарска партија откако упаднал во Националната галерија поради изложба што ја смета за богохулна

Атина, 10 март 2025 (МИА) – Пратеникот Николаос Пападопулос од грчката радикално десничарска партија Победа, претпладнево беше уапсен откако упаднал во Националната галерија, нанел штета на витрини и експонати поради изложба што според него е богохулење, јави дописничката на МИА од Атина.

За оваа изложба пратеникот пред неколку дена испратил писмо до Националната галерија и побарал да се повлечат конкретни експонати за кои смета дека се богохулни, а паралелно побарал одговори и од министерката за култура на Грција.

Денеска, влегол во галеријата, скршил заштитни стакла и експонати за кои, според грчките медиуми извикувал дека „ја навредуваат религијата“, по што интервенирала полицијата и Пападопулос бил уапсен. ср/

Остани поврзан