• петок, 17 мај 2024

Првата македонска кошаркарска лига стартува на 8 октомври

Првата македонска кошаркарска лига стартува на 8 октомври
Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - Во просториите на КФСМ денеска се одржа првиот подготвителен состанок за новата сезона 2022/2023, која почнува на 8 октомври со комплетното прво коло.  Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе ја почне одбраната на титулата на гостинбски терен против освојувачот на Купот, ТФТ Скопје.  Во преостанатите дуели од воведното коло ќе играат Куманово – Чаир, Академија ФМП – Кожув, Гостивар – Пелистер, Струмица – Еуро Никел и Работнички – Феникс 2010.  На состанокот за нов претседател на Здружението на прволигашите е избран претставникот на КК Гостивар, Стојмир Дејаноски. ег/сст/

Остани поврзан