• недела, 19 мај 2024

Почина Гоце Андоновски, пратеник во првиот состав на Собранието 

Почина Гоце Андоновски, пратеник во првиот состав на Собранието 

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - На 77-годишна возраст, почина поранешниот пратеник Гоце Андоновски.

Андоновски беше избран за пратеник од Ресен на првите повеќепартиски избори во земјава во 1990 година и беше на функцијата до крајот на мандатот на првиот состав на Собранието во 1994 година. 

Беше избран за пратеник како кандидат на СДСМ, тогашен СКМ – ПДП. 

Андоновски е роден 1946 година во село Царев Двор, Ресенско, а по професија е лекар-специјалист. ев/са/

Остани поврзан