• вторник, 30 април 2024

Помошник на пратеник на АфД во ЕП уапсен под сомнение дека шпионирал во корист на Кина

Помошник на пратеник на АфД во ЕП уапсен под сомнение дека шпионирал во корист на Кина

Берлин, 23 април 2024 (МИА) - Помошник на пратеник на Европскиот парламент (ЕП) од германската екстремно десничарска партија АфД е уапсен во Германија под сомнение дека шпионирал за Кина, објавија денеска германските обвинители.

Џијан Г., обвинет едека ги шпионирал противниците на Кина во Германија и дека со кинеската разузнавачка служба споделувал информации за Европскиот парламент, се наведува во соопштението на обвинителството.

Обвинетиот работел како помошник на европратеникот Максимилијан Крач, кој ја предводи листата на АфД за следните европски избори, закажани за 9 јуни. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан