• понеделник, 23 декември 2024

Лабиб: Партнерите со европска перспектива се дел од нашето семејство, но мора да продолжат со реформите 

Лабиб: Партнерите со европска перспектива се дел од нашето семејство, но мора да продолжат со реформите 

Брисел, 30 април 2024 (МИА) - Ова е многу важен ден за Европа, бидејќи првпат на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) ќе се соберат не само земјите членки, туку и партнерите со европска перспектива, изјави белгиската министерка за надворешни работи, европски прашања и надворешна трговија Хаџа Лабиб пред почетокот на денешното неформално заседание на ГАК. 

- Тоа е важен сигнал што им го испраќаме денеска дека веќе се дел од нашето семејство, иако треба да продолжат да се реформите, исто како што треба и ние да се реформираме, истакна Лабиб. 

Според неа, тие реформи пред се треба да се однесуваат на почитувањето на демократските вредности, владеењето на правото и фундаменталните права како основи услови за приближување кон ЕУ. 

Лабиб нагласи дека на билатералните средби со претставниците на земјите кандидати и аспиранти за членство во ЕУ и на заседанието ќе им пренесе што треба да направат во процесот на интеграција во Унијата. 

- Ќе имаме многу отворена дискусија со нив без никакви табуа и ќе видиме како можеме да ги поддржиме и да ја промениме сегашната ситуација, инаку, за жал, во спротивно ќе немаме напредок, додаде Лабиб.   

Според најавите, токму почитувањето на принципите на владеењето на правото во рамките на процесот на проширување ќе биде тема на која на заседанието на ГАК министрите или државни секретари задолжени за европски прашања на земјите членки ќе разменат мислења со претставниците на земјите кандидати и аспиранти за членство во Унијата. сп/

Фото: ЕБС

Остани поврзан