Покетино по победата над Јунајтед: Со вакви натпревари ќе ја зацврстиме врската помеѓу тимот и навивачите
- Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино, беше повеќе од задоволен по драматичниот пресврт синоќа против Манчестер Јунајтед за победа од 4:3 на „Стемфорд бриџ“.

Лондон, 5 април 2024 (МИА) - Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино, беше повеќе од задоволен по драматичниот пресврт синоќа против Манчестер Јунајтед за победа од 4:3 на „Стемфорд бриџ“.
Аргентинецот по мечот изрази мислење дека подобриот тим победил, иако не било лесно.
„Почнавме силно, но примениот гол влијаеше негативно на нас. Манчестер Јунајтед е многу опасен во преминот од одбрана во напад. Посакувам да бидеме подобри во тие ситуации. Реалноста е дека за да победиме, моравме да направиме повеќе. Не би рекол дека натпреварот беше одличен за нас, но секако беше многу добар“, прокоментира Аргентинецот.
Тој е на мислење дека оваа победа е почеток на градење силна врска помеѓу тимот и навивачите.
-Ова ќе ни биде од голема корист во иднина, потенцира Покетино по мечот. дс
Фото: Архива