• петок, 05 декември 2025

Винисиус одби нов договор со Реал Мадрид

Винисиус одби нов договор со Реал Мадрид

Мадрид, 1.август 2025 (МИА) - Винисиус Жуниор ја одби последната понуда на Реал Мадрид за продолжување на договорот пренесуваат шпанските медиуми. Неговите претставници сметаат дека понудата е неприфатлива. Воедно бараат плата слична како и на Килијан Мбапе.

Драмата околу продолжувањето на договорот на Винисиус и Реал трае извесен период. Тој е лут на клубот од крајот на ланската година, кога не ја освои Златната топка и смета дека клубот не му помогнал доволно. 

„Кралскиот клуб“ наводно веќе одбил понуда од 200 милиони евра од клуб од Саудиска Арабија.    мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан