• четврток, 23 април 2026

Нејмар предлага промени во правилото за офсајд

Нејмар предлага промени во правилото за офсајд


Сао Паоло, 19 април 2026 (МИА) – Напаѓачот на бразилски Сантос, Нејмар, предложи промена на правилото за офсајд.
„Би го променил правилото за офсајд. Офсајд треба да се зема предвид само за високи додавања. Кога станува збор за ниско додавање или додавање под пределот на градите, тоа не треба да се нарекува офсајд“, изјави Нејмар за „Зиго Спорт“.
Поранешниот напаѓач на ПСЖ и Барселона постигна четири голови и додаде три асистенции на осум натпревари оваа сезона.
Нејмар претходно оваа недела ги коментираше шпекулации за можен трансфер во МЛС лигата, посочувајќи оти има важечки договор со Сантос до крајот на сезоната.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан