• петок, 05 декември 2025

Македонија - Романија во Куманово пред полна сала

Македонија - Романија во Куманово пред полна сала

Куманово, 1.август 2025 (МИА) - На 24 часа пред почетокот на натпреварот меѓу Македонија и Романија нема веќе влезници за натпреварот. За „црвено-жолтите“ ова ќе биде прв натпревар од претквалификациите за Светскиот куп. Македонските репрезентативци ќе играат пред полна сала во Куманово, а извесно е дека утре на Илинден на големиот македонски празник македонската репрезентација ќе има огромна поддршка од трибините. 

Тоа значи дека исклучително важниот меч за нашиот национален тим ќе го проследат околу 5.000 гледачи што треба да биде голем ветер в грб за младите македонски кошаркари.

Утрешниот натпревар е прв за Македонија во Куманово по пауза од 26 години и се очекува убава атмосфера и вистински спектакл.   мн/

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

Остани поврзан