• четврток, 04 декември 2025

Ивановски запрен во четвртфиналето на турнирот во Србија

Ивановски запрен во четвртфиналето на турнирот во Србија

Куршумлијска Бања, 1.август 2025 (МИА) - Македонскиот тенисер Калин Ивановски со пласман во четвртфиналето го  заврши турнирот во Куршумлијска Бања, Србија. Тој денешниот меч против првиот носител Свјатослав Гулин го предаде поради повреда во вториот сет при резултат 1-0 во сетови за противникот и 3:1 во гемови во вториот сет.

Во првиот сет по 1:1 во гемови првиот носител Гулин направи серија од пет гема и го освои сетот со 6:1. Во вториот сет Ивановски поведе со 1:0, но потоа Гулин имаше три гема за 3:1 и во петтиот гем по еден одигран поен Ивановски се повлече од мечот.

Ивановски и следната недела е пријавен за настап на турнир во Куршумлијска Бања.

Фото: МТФ

Остани поврзан