• четврток, 04 декември 2025

Новата сезона во Првата фудбалска лига стартува в петок со два натпревара

Новата сезона во Првата фудбалска лига стартува в петок со два натпревара

Скопје, 1.август 2025 (МИА) - Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе стартува в петок 8.август со два натпревара. Двата го имаат епитетот дерби. Во Тетово првакот Шкендија го пречекува Шкупи, додека во вечерниот термин од 20 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ е дуелот на „лутите ривали“ ќе играат Вардар и Пелистер.

Два натпревара се на програмата в сабота (9.август). Во Куманово Башкими го пречекува Арсими, додека Струга Трим Лум е домаќин на Македонија Ѓорче Петров. 

За недела се закажани двата дуела во Кратово (Силекс - АП Брера Струмица) и во Кавадарци (Тиквеш - Работнички). 

Почетокот на натпреварите в сабота и недела е во 17:30 часот.   мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан