• петок, 05 декември 2025

49-то издание на турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ од 5 до 7.август во Скопје

49-то издание на турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ од 5 до 7.август во Скопје

Скопје, 1.август 2025 (МИА) - Одбојкарската федерација на Македонија и семејството Хаџииљоски по 49-ти пат ќе бидат организатори на меѓународен меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Турнирот ќе се одржи на 5, 6 и 7 август 2025 година во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Турнирот стана традиција и има место во годишниот календар на Одбојкарската федерација на Македонија. Оваа година се става акцент и е во функција на машкиот сениорски национален тим на Македонија, како дел од подготовките за европските квалификации.

На турнирот ќе настапат три репрезентации, а покрај Македонија ќе играат уште и Бугарија и Швајцарија. Првиот ден на турнирот на 5.август (вторник) од 17:45 часот ќе играат Македонија и Швајцарија. На 6.август (среда) од 19 часот е дуелот меѓу Швајцарија и Бугарија, а последниот ден на 7.август (четврток) е натпреварот Македонија - Бугарија од 19 часот.

Влезот за сите натпревари во салата ќе биде слободен.  мн/

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Остани поврзан