Били Џин Кинг куп: Македонските тенисерки на стартот против Египет
- Македонската женска тениска репрезентација денес ги стартува мечевите во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг Купот што се играат во Бања Лука. Македонија се наоѓа во групата Б, а противнички им се репрезентациите на: Бугарија, Мароко, Египет и Јужна Африка.
Бања Лука, 6 април 2026 (МИА) - Македонската женска тениска репрезентација денес ги стартува мечевите во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг Купот што се играат во Бања Лука. Македонија се наоѓа во групата Б, а противнички им се репрезентациите на: Бугарија, Мароко, Египет и Јужна Африка.
За нашата држава настапуваат: Сара Митевска, Ана Митевска, Јана Божиновска и Зара Зафировска, а деби на селекторската позиција има Кристијан Вангелов.
Во првото коло Македонките ќе играат против репрезентацијата на Египет, која заедно со Бугарија важи за фаворит за првото место во групата. Во составот на Египет двете прворангирани тенисерки имаа ранг: Сандра Самир (367. место ВТА) и Ламис Алхусеин Абдел Азиз (404. место ВТА).
Првиот ден покрај мечот Македонија – Египет од Б групата играат Бугарија – Јужна Африка, а слободна е селекцијата на Мароко.
Во А групата ќе играат: Австрија, Грција, Босна и Херцеговина, Кипар и Финска.
Двојки за првото коло: Австрија – Финска и Грција – Кипар, а домаќинот Босна и Херцеговина е слободна. зс/
Фото: ЕПА