• недела, 19 мај 2024

Пожар зафати објект и сува трева во Росоманско

Пожар зафати објект и сува трева во Росоманско

Росоман, 11 октомври 2023 (МИА) - Пожар зафати денеска објект и сува трева во Росоманско. Оваа информација попладнево ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци.

- Веднаш по пријавата за настанат пожар, на лице место интервениравме со две возила и пет пожарникари и во најбрзо можно време го локализиравме пожарот и го ставивме под контрола, рекоа од Противпожарната единица. 

Оттаму апелираа до населението за внимателност, со цел превентивно да се влијае и да се избегнат пожари. Особено поради фактот, што во претходни неколку случаи на пожар, причината за нивно настанување бил човечкиот фактор. свд/вг/


Фото : МИА 

Остани поврзан