• вторник, 05 ноември 2024

Одбележување на Светскиот ден на семејниот лекар - 19 Мај

Одбележување на Светскиот ден на семејниот лекар - 19 Мај

Скопје, 19 мај 2024 (МИА) - Под мотото „Здрава планета, здрави луѓе“ денеска се одбележува 19 Мај - Светскиот ден на семејниот лекар.

Здружението на лекари по општа медицина - семејна медицина (ЗЛОМ СМ), информира дека за таа цел во Градскиот парк во Скопје денеска од 11 до 14 часот граѓаните ќе можат да измерат крвен притисок, гликемија и пикфлоуметрија. Специјалистите по семејна  медицина ќе даваат совети за здрави животни навики.

Предвидена е и прес-конференција за медиумите. мд/сст/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан